Home Nach oben

Вицови Извор

 

Home
Nach oben
Членови
Makedonija
Калугерица
Фотографии
Линкови
Адреси Контакт
Управа Извор

bullet NOVO

 

 

 

Vicovi, Sali,Segi i izreki

 

 

Одлучиле газдите на една фирма за вино да го зголемат прометот и отишле в црква да го замолат попот:
-Може ли ти попе кога ќе ја кажуваш молитвата наместо "Дај ни боже леб наш насушен" да смениш и да биде "Дај ни боже вино"?
-А не знам јас тоа, ќе морате да го прашате Св. Петар.
Отишле после овие кај Св. Петар, му објасниле за што се работи и го замолиле да ја измени молитвата.
-Ќе морате вие да одите кај Господ, сепак тоа е молитва и не можам јас тоа да решам.
Отишле и кај Господ, а овој кога ги ислушал им рекол:
-Само еден момент морам да се јавам кај Св. Петар да го прашам нешто...Слушај Перо, абе до кога ние имавме договор со оние од пекарата?

 

Сообраќаец сопрел некој возач кој му бил сомнителен...
- Дувнете овде ве молам - му вели на возачот, подавајќи му балон за алко-тест.  - Не можам, имам астма, еве лекарско уверение...  - Тогаш ќе морате да дојдете со мене во станица за да ви земеме крв. - Не може ни тоа, имам хемофилија.  - Ајде тогаш одете по белава линија десетина чекори.  - Не можам, пијан сум. 

 

Го прашува бабата малиот Трпе:
- Абе внучко, како се викаше оној Германецот шо ни ги крие работите по дома?
- Алцхајмер бабо, Алцхајмер!

 

Ја прашале плавуша како се вика стручњак за вулкани, а таа одговорила:
- Вулканизер!

 

 - Зошто лавовите и тигрите во скопската зоолошка градина се толку исушени?

 - Држат диета за да избегаат меѓу решетки!

 

Трпе си ја однел ќеркичката на работа. И кога се вратиле таа го прашува:
- Тато, зошто твојата секретарка ја викаш кукла?
Трпе засрамен објаснува:
- Па, види, таа е многу добра секретарка, брзо куца, знае многу добро да работи на компјутер и многу убаво кафе вари. Е затоа ја викам кукла.
- Ааааа, а јас мислев затоа што ги затвара очите кога ќе ја легнеш!

 

Отишла Трпана во селската црква да се исповеда.
- Оче згрешив, се сексав со попот Ставре од другата црква. Голем грев ли е тоа?
- Најголем ќерко, ти припаѓаш тука, на оваа црква!

 

- Ако сум мала, ама цело село облекувам.

- Одговор: Игла

 

- Баба мочна, дедо ја затна.

- Одговор: Чеп на бочва или каца

 

- Долга Мара сенка нема.

- Одговор: Река

 

- Една чавка со цревата надвор.

- Одговор: Кантар

 

- Бела Рада по рид паси.

- Одговор: Маглата кога лази по ридови

 

- Кусо прасе по рид пасе.

- Одговор: Брич

 

- Ни предено, ни ткаено, и пак е платно копринено.

- Одговор: Пајажина

 

- Сите луѓе во зелено, царо во црвено.

- Одговор: Трендафил

 

- Црвен... на тарунец.

- Одговор: Црвена пиперка

 

- Црно мече газо си пече.

- Одговор: Ѓумале

 

Двајца мажи излегле со своите жени низ чаршија да се прошетаат, но ги изгубиле...
И почнале да ги бараат. Барајќи ги жените и двајцата се судриле. Првиот рекол: Извини, те молам, ама збунет сум оти ја загубив жена ми.  Вториот рекол: Извини и ти, но и јас ја загубив жена ми.  Првиот рекол: Ако е така, тогаш да ги бараме и двајцата, но треба да ми кажеш како изгледа твојата жена,  јас ќе ти кажам како изгледа мојата, па ќе ги најдеме полесно. Другиот почнал да раскажува: Жена ми е слаба, висока, убаво градена, русокоса со сини очи, нашминкана, со мини здолниште. А твојата?  -Остај ја мојата ајде да ја бараме твојата. 

 

 - Може ли плавуша мажот да го направи милионер?

 - Секако дека може, ако мажот е милијардер!

 

 - Продавам рено 4 во делови!

 - Oд Пржино до Топанско!

 

 - Зошто Дејвид Коперфилд треба да дојде во Македонија?

 - За да научи како пред очите на два милиони луѓе исчезнуваат милијарди евра.

 

Финале на светско првенство во фудбал. Целиот стадион распродаден уште пред 5 месеци, а Трпе седи до празно место. Приоѓа некој и со чудење го прашува Трпе.
- Абе, дечки кој будала не дошол да го гледа финалево?
- Тука требаше да седи жена ми, ама бог да ја прости умре, и така...
- Па не можеше да ја дадеш картата на некој роднина или пријател?
- Не бе, сите се на погреб!

 

Трпе се јавува на брза помош:
- Ве молам доаѓајте брзо, син ми голтна кондом!!
После 5 минути ете ти го Трпе пак се јавува во врза помош.
- Еј, слушајте, не доаѓајте најдов друг кондом!

 

Дотрчува жена дома цела среќна и на цел глас вика:
- Мили, пакувај ги торбите, добив на лото. - Стварно? Па тоа е одлично душо! Да пакувам алишта за на планина или за на море?  - Ма какви сакаш спакувај, само губи се да не те гледам.

 

Во купе во воз заедно се возеле Грк, Трпе, баба од Австралија и млада плавуша. Возот влегол во тунел и за неколку секунди во темницата се слушнал силен, сочен шамар. Кога возот излегол од тунелот, Гркот имал црвен образ. Никој не прозборел.
Бабата мислела:
Грков мора да ја фатил плавушата па таа му опнала шамар.
Плавушата мислела:
Грков сакал да ме фати во темницата ама ме утнал и ја фатил бабата и таа му врзала шамар.
Гркот мислел:
Македонецов изгледа ја фатил плавушава таа сакала да му удри шамар ама го промашила и ме удри мене.
Трпе мислел:
Едвај чекам да дојде друг тунел и пак да го ишамарам Грков!

 

Дошол некој богаташ на испит и професорот му поставува прашање:
- Каде е фрлена првата атомска бомба? Овој нема поим, му плаќа на професорот, го положува испитот и си оди. После него доаѓа некое сиромашно момче.  И нему истото прашање. - Каде е фрлена првата атомска бомба?  - Во Хирошима и Нагасаки. - Кога колега? - Во 1945. - Колку луѓе загинале? - Три милиони  - Имињата колега, имињата!

 

Малиот Трпе му вика на татка си.
- Тато ај да ја продадеме мама?
- Е што ти текна?
- Е па ја више не ја цицам, ти не ја работиш, а ја храниме само за комшиите!

 

- Врвовите надоле, корењата нагоре.

- Одговор: Брада

 

- Трудна жена оро играт.

- Одговор: Вретено

 

Се возат две плавуши во фиќо...
Фиќото почнало да трокира. Едната русокоса ја отвора  хаубата: - Па ти немаш мотор! Другата отвора позади. - Уф, еве резервен!

 

- Живо свиено со игли набиено.

- Одговор: Еж

 

- Црвен прч в пештера лежит.

- Одговор: Јазик

 

Ева: Адам дали ме сакаш?
Адам: Ма јок!
Ева: (плаче) Тогаш зошто сакаш да водиш љубов со мене?
Адам: А гледаш ти некој друг околу нас!?

 

- На врв бука две ветрила.

- Одговор: Уши

 

Трпана го тужи Трпе за неверство:
- Господине судија, мојот маж ме изневерува, затоа сакам развод.
- А, вие сте го виделе со друга?
- Не, ама слушнав.
- Е, тоа не се важи, треба да го фатите на дело.
Трпана се изнервирала кога сфатила дека нема шанси да го убеди судијата и затоа прднала колку што може силно.
- Срам да вие, ова е некултура и затоа ќе платите казна.
- Не бев јас господине судија, ме видовте ли вие?
- Не ве видов, ама слушнав.

 

- Во шарена камара црн бумбар брчит.

- Одговор: Црква и поп

 

Се враќа Трпе од работа, влегува дома и ја гледа Трпана со спремни торби:
- Кај си се спрмила ма Трпано?
- Одам за Америка, слушнав дека таму даваат по 50 долари за тоа што јас тебе ти го давам џабе.
- Е баш ме занима да видам како мислиш да живееш во Америка со 50 долари месечно.

 

Влегуваат малиот Трпе со татко му во продавница. Трпе до касата забележува едни чудни мастики.
- Тато ај купи ми од овие.
- Не сине тоа се кондоми, ги користат машките кога ќе пораснат, за да имаат сигурен секс.
- А зошто се овие спакувани по 3 во една кутија?
- Тоа се кондоми за средношколци, едно за петок, едно за сабота и едно за недела.
- А овие што се спакувани по 6?
- Тоа се за студенти, по две во петок, две во сабота и две во недела.
- А овие по 12 во опаковка?
- А тоа сине ти е за женети, едно во јануар, едно во февруар, едно во март...

 

Трпана се мажи по четврти пат, и тоа со Трпе. Гледа Трпе и се чуди:
- Како ма ти три пути мужена, а невина!
- Е, како, првиот ми беше Турчин, ќе му замешам, ќе му поиграм и овој ќе сврши. Оној вториот еден Француз само на лижење мислеше. А третиот што да ти кажам еден СДСМ-овец, и само викаше "на 15 септември", и така си останав...

 

Влегува Трпе кај забар и му вели:
- Колку ти е вадење?
- 500 денари.
- А без анестезија?
- Така, 350 денари!
- Добро тогаш, само откорнете го и готово.
- Браво, би било добро сите мои пациенти да се вака храбри. Кажете ми за кој заб се работи.
- Трпано, кажи му кој заб те боли!

 

 - Како на англиски ќе кажете дека во недела бабата нема да ви дојде на ручек?

 - Јес!!

 

Вардар - Барселона играат на градски во лига на шампиони. Слободен удар за Барса на 25 метри. Роналдињо ја мести топката, а Колина дотрчува до нашиот жив sид.
- Момци, абе што сте се свртеле сите накај голманот?
- Па и ние сакаме да го видиме голот!

 

 - Која е разликата помеѓу поранешните и денешните штркови?

 - Порано штрковите носеа деца, а денес грип.

 

Трпе живеел на село и еден ден си нашол жена.
Ја шетал по нивите и и објаснувал. Она е шталата на комшијата, нашата нива е до онде..., и тогаш пролетал некој гавран.
- А кога ќе видиш гавран, веднаш покриј ги очите да не ти ги исколва, гавраните се лоши птици.
Утредента Трпана си копала по нивата, кога пролетал гавран. Оваа брзо ги покрила очите и главата ја бутнала во сеното за секој случај. Проаѓал тогаш комшијата Ставре и кога ја видел Трпана натртена не можел да одолее на ситуацијата, и и го бутнал.
И тогаш Трпана:
- Копај птицо, копај, ама до очите нема да стасаш!

 

Отишол Трпе на доктор:
- Докторе, морам да ти кажам дека сум многу болен, мислам дека за мене повеќе нема шанси... што мислиш ти, може ли некако да ми помогнеш?
- Трпе, мораш да одиш на бања и да почнеш да се мачкаш со кал!
- Леле докторе, а мислиш ли дека тоа може да ми помогне?
- Па не баш, али тоа ти е добра прилика да почнеш да се привикнуваш на земја.

 

На Трпе му било тешко на душата па отишол да се исповеда
- Попе многу ми е тешко, ја изнерувам жена ми!
- Колку пати си го направил тоа?
- Види попе, овде дојдов да се исповедам, не да се фалам!

 

Трпе имал запек. Два саати седел на шоља и стенкал. Наеднаш снемало струја.
- Лелеее, Трпанооо, помагаааај!
Ете ја Трпана дотрчува.
- Добро бре што си се раздрал толку како мало дете си, снема струја и одма врескаш!
- Снемало струја!?...Уф...јас помислив дека ми испаднаа очите

 

Трпана полага возачки пред комисија.
- Госпоѓо што ќе се случи кога ќе ја подигнете левата нога.
- Тогаш го отпуштам квачилото!
- Добро, а кога ќе ја дигнете десната нога?
- Тогаш го отпуштам гасот.
- Добро, а што ќе се случи кога ќе ги дигнете двете нозе?
- Е изгледа дека тогаш ќе положам!

 

Трпе кај доктор.
- Трпе ти не можеш да имаш деца, едното јајце ти е дрвено, а другото метално.
- Врска немаш докторе, јас веќе имам две деца, едното ми е второ одделение и се вика Пинокио, а второто работи во втора полициска станица и се вика Робокап.

 

Се враќа малиот Трпе од психолог и ги начекува родителите како орално се забавуваат.
- Еееее, значи колку сте дволични, мене ме праќате на психолог зошто сум си го цицал прстот!?

 

 - Зошто мажите никогаш не ја пуштаат машината за перење алишта?

 - Затоа што нема даљинско!

 

 - Зошто мажите се загрижени за големината на половиот орган?

 - Затоа што треба да бидат!

 

Се сретнале Американец, Турчин, Французин и наш Трпе, и си се фалат:
- Американецот: Ние си ја имаме ЦИА, таа се дознава на време.
- Французинот: Ние си имаме прекрасни девојки, толку секси, толку слатки...
- Турчинот: А ние си имаме прекрасни килими, толку се убави и скапи што сите ни завидуваат!
- Трпе: Е јас вчера работев една французинка на турски килим, а ЦИА врска немаше!

 

Убав сончев есенски ден. Излегол Трпе со своето мало синче да се прошетаат низ парк. Шетајќи така, цело време покрај нив поминувале млади згодни девојки и Трпе едно време не можел да се воздржи па прокоментирал:
- Аууу, ама згодна пичка.
- Шо рече тато?
- Реков ама згодна птичка.
- А, каде е птичката тато?
- Ене ја на дрво.
- А, каква птичка е тоа тато?
- Канаринец сине.
- А која боја е канаринецот?
- Жолта.
- А, целиот е жолт?
- Не е, крилата му се црвени.
- А, зошто има црвени крила тато?
- Па, затоа што јаде стоногалки.
- Тато, а стоногалките стварно имаат сто нозе?
- Не баш сто, ама имаат многу нозе.
- Колку многу тато?
- Сине реков пичка...

 

Се возел Трпе со уште двајца другари во Југо и ги сопрела полиција:
- Момци, возевте 150 км на час и затоа ќе мора да платите казна 3.000 денари.
- Немогуче, па југово не иде 150.
- Вака, може да се договориме, ако на вас тројцата должината на патлаците ви е 40 сантиметри ќе ве пуштам и не мора да платите казна.
Трпе и другарите ги извадиле и кога ги измериле сите тројца...точно 40 сантиметри. Ги пуштил полицаецот да си одат и тогаш едниот од нив рекол:
- Е момци да не ми беше мене долг 16, ништо не
правевме.
- Што збориш бе, а мојот да не беше 20?
Тогаш Трпе задоволно констатирал:
- Ај бе не се занесувајте многу, а да не ми се дигнеше мене сега ќе требаше да се опрчиме три илјадарки.

 

Се расправаат две плавуши:
- Зошто мори спиеше со мојот маж?
- Па да видам кој е бољи, мојот или твојот.
- Глупачо една, можеше мене да ме прашаш.

 

Одат две плавуши по улица и едната од нив наоѓа огледало. Го кренала таа огледалото гледа во него и вика:
- Еј, ја знам женскава од негде. Сум ја видела и порано.
Другата плавуша и го зема огледалото, гледа во него, па одговара:
- Е, што си глупа, нормално ти е позната, па јас сум

 

Оди татко му на Игорче во школо на родителска и класниот му го дава извештајот со оценките. Го зема таткото извештајот кога што ќе види, кец математика, кец македонски, кец музичко, кец географија... Се фаќа тој за глава и извикува:
- Леле, па син ми ќе ја падне годината!
- Ај се кладиме по 200 евра дека нема. - му вика класниот.

 

Се јавува работникот на работа.
- Шефе, а бе денес не ми е добро, нешто глава ме боли па нема да дојдам на работа.
- Слушај вака, кога мене ме боли глава, рипам на жената, за саат време сум ко нов, и си доаѓам на работа така свеж.
Ете ти го работников после саат време се појавува на работа.
Шефот:
- А, кажи како функционира?
- Да бе шефе, алал да и е на жена ти!

 

Трпе отишол во Бугарија на шопинг. Ја паркирал колата, и на шофер шајбната напишал "внатре нема ништо вредно".
Кога се вратил од шопинг, што ќе види, колата обиена, скршени џамови, внатре се испретурено и нашол едно ливче на кое пишувало:
"Јас сум должен да проверам.!"

 

Играат фудбал слонови и глувци, на крај еден слон вика
"Извинете ако игравме грубо.."
- Глушецот се насмевнува и вика
"Ништо, ништо, и ние се буткавме.

 

 - Кое е вистинското прашање за безбеден секс?

 - Кога се враќа маж ти?

 

Оди плавуша по улица и сретнува некое дете и го прашува "Абе дете ти кое одделение си?" и детево одговара "шесто" и плавушава бесно му враќа "а да бе седумсто веќе...

 

 - Го прашале Трпе дали е подобро да си глуп или убав.

 - Па подобро е да си глуп, убавината е минлива работа.

 

Трпе продавал мед на пазар. Поминала некоја бабичка и... - Синко, колку ти е медов? - 250 денари! - А море синко, многу скапо го продаваш? - Е па од пчели е, јас да ја полнев теглава ќе ти го дадев поевтино! 

 

Си оделе двајца дедовци пешки накај Зелено пазарче и едниот го прашал другиот:
- Па, како си ти?
- Ех, како би бил, ме болат коските, ме боли грбот, нозете, рацете...а ти?
- Ја да ти кажам се осеќам како новороденче?
- Како бе така?
- Е така, немам коса, немам заби, а си купив и пелени зошто вчера сабајле се измочав во гаќи!

 

Влегува Трпе во аптека и бара да купи две апчиња вијагра:
- Добро бе Трпе, шо ќе ти се две, доволно ти е само
една.
- Ма, дај сега кога ти викам две.
- Добро еве ќе ти дадам две, ама кажи жити се, зошто баш две?
- Види, вечер ќе ми дојдат две јаки риби, ќе имаме романтична вечера, а после тоа знаеш, мора да падне жесток секс, е затоа ми требаат два комада, сега јасно ти е?
Му продал аптекарот две вијагри, а утредента еве ти го пак Трпе:
- Дајте ми брзо крема за раце!
- Што се случи вчера бе Трпе, што ќе ти е сега крема за раце.
- Знаеш што ќе ми е, вчера не дојде ни една.

 

Трпе ја купил најновата Мазда, и ја возел низ Скопје. Шибал Трпе по Македонски Булевар и на сиот глас викал:
- Има ли некој ваква колааааааа!!
Врти Трпе уште еден круг по Македонски булевар:
- Абе има ли некој ваква колааааааа!!
На еден тип му пукнал филмот и се развикал:
- Јас имам бе таква кола, па што!
- А бе кажи како се кочи !?

 

- Што прво учи малиот еским во животот?

- Да нејаде жолт снег!

 

- Што му вели мајката на своето дете крадец кога мора да оди на суд?

- Најважно е ова: Ако не си крадел - не си, ако си крадел - не си крадел.

 

- Колку пати плавуша се смее на еден виц?

- Трипати: Првиот пат штом го чуе, вториот пат кога ќе и го објаснат и третиот пат кога ќе го разбере.

 

  • Господине, овде не смеете да ја оставите колата.

  • Зошто?

  • Оттука ќе поминат министри.

  • Бидете спокојни, ја осигурав колата од кражби.

  •  

    - Зошто плавуша не сака да го дои своето бебе?

    - Затоа што многу ја боли кога го подгрева млекото!

     

  • Купува селанец мерцедес од една автокуќа и просто излудел од нервоза кога ја слушнал цената на дополнителната опрема, која во автомобилот не била сериска. Но сега доаѓа сопственикот на истата автокуќа кај него да купи крава за својата мала-хоби фарма. Селанецот му направил предлог цена:

  • 1. Крава основен модел - основна цена 2000 евра.

  • 2. Боја (црна или бела) дополнителни 150 евра.

  • 3. Кожена површина 100 евра.

  • 4. Четири приклучоци за молзење (12,5 евра по парче) вкупно 50 евра.

  • 5. Два одбојника со свиткани краеви, 15 евра по парче значи 30 евра.

  • 6. Мавталка против муви, полуавтоматска 30 евра.

  • 7. Отпаден катализатор, здрав за околина 30 евра.

  • 8. Такса за сите видови терени 100 евра.

  • 9. Двосистемски сопирачки систем (предна и задна нога) 100 евра.

  • 10.Очи, халоген 160 евра.

  • 11.Можност за користење разни видови горива 150 евра.

  • Вкупно 2900 евра.

  •  

  • Го прашува синот таткото:

  • Што е всушност политика?

  • Таткото вели: Тоа барем е едноставно. Гледај, јас носам пари, значи јас сум капитализам. Мама располага со парите, таа е значи влада. Дедо гледа се да биде уредно распоредено, значи тој е држава. Слугинката е работничката класа. Единствена цел, значи е да ти биде тебе добро, значи ти си народ. Помалиот брат, кој е уште во пелени, е нашата иднина.

  • Синот се замислил, па му вели на таткото: Ќе преспијам една ноќ за да можам за тоа да размислам. Среде ноќ го разбудило плачењето на помалиот брат, кој ги наполнил пелените. Бидеќи не знаел што да прави, тргнал кон собата на мајка му. Таа спиела како заклана. Тргнал кон собата на слугинката и гледа, татко му прави некои необични движења во нејзиниот кревет. Погледнал кон прозорецот и го видел дедо му како со уживање гледа што се случува. Видел дека никој не го рецка, ниту му гајле за неговата мака, па се вратил во креветот. Следното утро, татко му го викнал и го прашува дали сега му е јасно што е тоа политика?

  • Како да не, јасно ми е како ден - рекол синот:

  • Капиталистите ја злоупотребуваат работничката класа, додека државните органи гледаат, а владата спие, народот е тотално запоставен а иднината е цела укакана.

  •  

  • Наставничката ги прашала децата: Ајде деца нека каже некој нешто чудно, ама да биде вистинито. Малиот Трпе прв се јавил: - Курот е тврд, а нема коски!

  • Страмота, ајде седи таму и нека каже некој друг нешто интересно. Пак само малиот Трпе крева рака:

  • Дундите се влажни, а никогаш не зарѓуваат.

  • Трпе прекини веќе со тие глупости, ајде некој да слушнам.

  • Пак само Трпе се јавува: Земјата е округла наставничке!

  • Добро округла е, па што има тука чудно?

  • Округла е, а луѓето се ебаваат на секое чоше!

  •  

    Седум чуда на социјализмот!

    1) Сите беа вработени.

    2) Иако сите беа вработени, никој ништо не работеше.

    3) Иако никој ништо не работеше, сите планови беа 100% исполнети.

    4) Иако сите планови беа исполнети, дуќаните беа празни.

    5) Иако дуќаните беа празни, сите имаа се.

    6) Иако сите имаа се, сите крадеа.

    7) Иако сите крадеа, никогаш ништо не фалеше. Да живее социјализмот!

     

  • Tрпе ја пратил Трпана во продавница да купи смрзнато пиле. Се враќа оваа збунета после некое време.

  • Трпе, абе имало пилиња од 150 денари, 100 денари и 20 денари, е овие од дваесет имале сида, и кое сега да го купам?

  • Аман бе жено нема да ги дупиме!

  •  

    Баба ми кога имаше 60 години, дневно пешачеше 10 километри, денес има 80 години и врска немам каде е!

     

  • Се враќа малиот Трпе од школо плачејќи.

  • Што биднало бе сине?

  • Добив два кеца!

  • Е добро де, ќе ги поправиш.

  • А бе веќе пробав, ама напишани се со пенкало!

  •  

  • Tрпе лежи во кревет после секс, пуши цигара и се загледува во една слика на ѕидот.

  • Кој ти е оној ма на ѕидот, маж?

  • Не.

  • Брат?

  • Не.

  • Швалер?

  • Не бе, јас сум, само пред операција!

  •  

  • Трпе и татко му прв пат отишле на пат и тоа во Сиднеј. Застанале пред некор големо огледало и се чуделе. Доаѓа некоја дебела жена, огледалото се отвора, жената влегува, некоја стрелка почнала да се качува нагоре. После некое време стрелката почнала да се симнува надоле и од огледалото излегла некоја згодна риба.

  • Трпе брзо враќај се дома и донеси ја мајка ти!

  •  

  • Разговараат три мачки.

  • Првата: Јас ќе имам сијамски мачиња.

  • Втората: Јас ќе имам перзиски мачиња.

  • Третата: Јас немам појма какви ќе имам, мене главата ми беше во конзерва.

  •  

  • Учителката му вика на малиот Трпе.

  • Кажа дома дека доби кец по математика?

  • Кажав и тоа два пати!

  • И што кажаа твоите на тоа?

  • Ништо, не беа дома!

  •  

  • Докторот: Па... имам, една лоша и една добра вест за вас.

  • Трпе: Во ред, дај кажи ја прво добрата вест.

  • Докторот: Пристигнаа резултатите од вашиот лабаториски тест и според нив имате уште 24 часа живот.

  • Трпе: Дваесет и четири часа? Па што може да биде полошо од тоа?

  • Докторот: Па видете, се обидувам да ве добијам по телефон уште од вчера.

  •  

  • Првиот ден на фалкутет, деканот им се обраќа на студентите.

  • Слушајте ме сега. Женскиот интернат е забранета зона за студентите, а исто важи и за студентките што се однесува на машкиот интернат. Секој кој ќе го прекрши ова право првиот пат ќе биде казнет со 500 денари. Вториот пат казната е 1200 денари, а третиот пат таа е 3000 денари. Има ли некој нешто да праша?

  • Се јавува Трпе: Се извинувам, а колку ќе не чини годишна пропусница?

  •  

    Трпе решил за годишнина од брак да ја однесе Трпана во некој ексклузивен ресторан. Нарачале специјалитет на куќата - полжави и не знае Трпана како да ги јаде. Го гледа Трпета како ги шмука еден по еден. Пробува Трпана, шмука ли шмука, полжавот не излегува. Ѕирка внатре и што да види, полжавот се фатил за ѕидот и вика тоа маче тоа.

     

  • Го запира Трпе полиција поради брзо возење и полицаецот му вели:

  • Трпе, пијан ли си?

  • Трпе: Не!

  • А трезен си?

  • Трпе: Не!

  • Е па како си?

  • Трпе: Таман!

  •  

  • Го прашале некој си постар човек што сака повеќе Нова Година или секс?

  • На тоа стариот одговорил:

  • Па Нова Година... доаѓа почесто.

  •  

    - Зошто жените живеат подолго од мажите?

    - Затоа што немаат жени!

     

  • Дошол еден лесноумен човек да полага возачки испит. Го прашуваат што го регулира сообраќајот.

  • Тој прашува: - Дали можи мала помош?

  • Може. - му велат, - Има црвено, жолто и зелено.

  • Пааа... мислам дека е жолто.

  •  

  • Разговараат двајца ментално нежни пријатели.

  • Првиот покажува џебна светилка и вели: - Еве јас сега ќе ја вклучам оваа ламба, а ти качи се по светлината.

  • Не сакам, го знам тој трик, одговорил вториот.

  • Кој трик?

  • Па, јас ќе се качам до врвот, а ти потоа ќе ја изгаснеш ламбата.

  •  

  • Се фалеле Французин, Американец и Македонец со своите жени.

  • Американецот вели: Мојата жена има толку долги нозе што кога ќе јавне коњ нозете и се влечат по земја. Не дека коњот е мал - туку нозете и се долги.

  • А Французинот вели: Мојата жена има толку тесна половина што можам да ја опфатам со два прста. Не дека мене рацете ми се големи, туку половината и е тесна.

  • Македонецот вели: А мојата жена... кога тргнувам на работа, ќе ја плеснам по задникот, задникот и се тресе додека не се вратам од работа, не дека тој и е толку голем, туку толку ми трае работното време.

  •  

    - Како кажува плавуша дека и се секса?

    - Лелеee, колку сум пијана.

     

    Трпе купил пакетче кондоми со разни ароми. Иде дома и на жената и вели:
    - "Сега ја ќе изгаснам светлото, а ти мори треба да погодиш од шо вкус е".
    Пробуваат така и жената почнува да погодува...
    - "Расипан расол!"
    A Трпе и вели:
    - "Чекај бе мори, не сум ставил ништо уште!"

     

    - Што е тоа: преку ден лае, а ноќе плива?

    - Одговор: вештачката вилица на свекрвата.

     

    Барав жена преку оглас, се јавија стотици со молба "Земете ја мојата"!

     

    Кој пее зло не мисли, а кој мисли - не му е до песна.

     

    Кој ќе умре на есен, за него нема зима.

     

    Дошол цајкан кај шефот и му вели:
    - Шефе, сепак ние цајканите не сме најглупави...
    - Зошто?
    - Па, го прашувам еден човек колку е часот, а овој ми вика 5 и 5 наместо одма да ми каже 10.

     

    Трпе бил на службен пат, налетал на проститутка и ја прашал:
    - Коклу пари?
    - 100 евра.
    - Важи ама да водиме љубов на македонски начин.
    - Нема проблем. Што се не сум преживеала па ке помине и тоа.
    По бурната ноќ проститутката го прашува:
    - Се беше супер ама што беше работата со секс на македонски начин?
    - Ништо особено тоа значи дека ќе ти платам утре.

     

       

     

  • Се среќава Трпе со некој школски другар:

  • Еј што правиш бе, што има ново?

  • Еве буткам жена, деца, знаеш како е, времево лета!

  • Имаш право за времето, два пати ќе ја исексаш и поминала годината!

  •  

    - Што е разликата помеѓу добри и лоши цицки?

    - Помеѓу добрите има ланче а помеѓу лошите папук!

     

  • Возел Трпе со фичото на автопат 100 км/ч и одеднаш нешто пролетало покрај него со трипати поголема брзина и Трпе го препознал комшијата Митре со ферарито. Другиот ден се будат и двајцата во Градска болница. Митре му вели:

  • Па добро бе, јас се истумбав со 300 км/ч а како се најде ти овде возејќи така споро?

  • Трпе вели: Јас излегов надвор, мислев дека стојам.

  •  

  • Трпе се враќа од работа малку порано и ја начекува Трпана со некој човек во кревет.

  • Што прави бе овој во мојот кревет!?

  • Чуда прави Трпе, чуда!

  •  

  • Додека Трпе водел љубов со жената нешто почнало да мириса на гума.

  • Трпано мори, осеќаш нешто?

  • Не, со години веќе ништо!

  •  

    - Како се моли информатичар?

    - Во името на Отецот и Синот и Светиот дух.... ЕНТЕР

     

  • Комшивката му вика на малиот Трпе:

  • Знаеш дека го видов денес татко ти во школо?

  • Знам, го викна учителката да се жали од мене.

  • И што бидна?

  • Ништо, сега ја викна мајка ми да се жали од татко ми!

  •  

  • Трпе земал плата и нормално отишол право во банка да земе чекови. Кога ги земал почнал да ги троши неконтролирано, за жена, деца, храна...  Еден ден го викнале во банка.

  • Господине Трпе, толку сте заглавени што ќе завршите во затвор.

  • Немојте ве молам, што можам да направам?

  • Па ако ги вратите парите нема да одите во затвор.

  • Па што не кажете веднаш, се препотив од страв, еве сега ќе ви напишам чек!

  •  

    - Како да продадеш фичо по дупла цена?

    - Наполни му го резерварот со гориво до врв!

     

     

     

    Nazad / Zuruck

    Stand: 18. August 2017

    Home Nach oben

    Ново ново ново!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

    Senden Sie E-Mail mit Fragen oder Kommentaren zu dieser Website an: dobre@swissangela.ch
    Stand: 18. August 2017